Утрински Весник
Свет

Британските медицински работници на протест, бараат повисоки плати

Британските медицински работници на протест, бараат повисоки плати

Mедицинските работници во Велика Британија се собраа да протестираат во неколку градови, барајќи од владата повисоки плати за нивната макотрпна работа за време на пандемијата на коронавирусот.

На протестот во Лондон, демонстрантите кои во главно носеа маски и се придржуваа до правилата за физичка дистанца, маршираа до вратата на Даунинг стрит, седиштето на Владата и домот на премиерот Бори Џонсон, извикувајќи: „ Борис Џонсон слушни не`. Плати ни адекватно или замини“.

Медицинските работници се прославени како херои за време на пандемијата и од страна на владата и од јавноста, но тие тврдат дека децениското намалување на трошоците на оваа, но и на претходната влада, направиле Националната здравствена служба да се бори за опстанок.

Слично постапија и лекарите и медицинскиот персонал во Глазгов, со пораките: „Доста празни зборови, дајте ни фер плати“ и „Борисе, кој те спаси?“, алудирајќи на тоа дека Џонсон беше во тешка состојба кога беше заразен со ковид-19.

Медицинските сестри, негователи и млади доктори се бесни бидејќи се изоставени од плановите за зголемување на платите над стапката на инфлација, во однос на речиси еден милион други работници во јавниот сектор, кои имаат поинакви договори со владата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 23 луѓе загинаа при воздушен напад врз пазар во Хартум

Нетанјаху бара од Гутереш веднаш да ги префрли војниците на УНИФИЛ на безбедно

Повеќе од сто земји-членки на ОН потпишаа писмо за поддршка на Гутереш