Утрински Весник
Свет

Британскиот премиер и неговата 23 години помлада свршеница ги испратија поканите за венчавка

Британскиот премиер и неговата 23 години помлада свршеница ги испратија поканите за венчавка

Британскиот премиер Борис Џонсон (56) и неговата свршеница Кери Симондс (33) одредија датум за венчавка и испратија покани до членовите на нивните фамилии и пријателите за 30 јули 2022 година, пренесува Ројтерс, каде се наведува дека деталите за свадба остануваат „најголема тајна“.

Џонсон и Симондс ја објавија свршувачката во 2019 година, но датумот на венчавање беше одложен поради пандемијата од коронавирусот.

Инаку англиските медиуми веќе пишуваат дека двајцата се првата невенчана двојка која живее во резиденцијата на Даунинг стрит 10, каде што се преселија во јули пред две години.

Британскиот премиер и неговата свршеница имаат син Николас, роден на 29 април минатата година, именуван по еден од лекарите кои минатата пролет го лекуваше Џонсон од тешката форма на коронавирус.

Можете да прочитате

Лекар од Британија осуден на 31 година затвор за обид за убиство со лажна вакцина против Ковид-19

Харис му ја честитала победата на Трамп на изборите за претседател на САД

Трамп преку ноќ стана побогат за милијарда долари