Утрински Весник
Економија

Бочварски: Од утре ја ставаме во функција оштетената пруга кај Куманово

Бочварски: Од утре ја ставаме во функција оштетената пруга кај Куманово
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски најави дека од утре се става во функција пругата што беше оштетена кај Куманово како резулатат на излизгување на товарниот воз.

Според министерот, вработените во рекордно време ги отстраниле вагоните и ја санирале штетата за да може меѓународниот транспорт на стока да се нормализира.

Бочварски заедно со директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец, извршија увид на санацијата на оштететната пруга.

“ Денеска сме на лице место кај Романовце каде претходната недела имавме инцидент со превртување на дванаесет товарни вагони при што беше оштетен голем дел од пругата на Коридорот 10. Околу педесетина луѓе овде работат деноноќно со цел што побрзо пругата да се стави во функција. Сакам да се заблагодарам јавно на сите вработени и сите останати што се вклучија и помогнаа во оваа работна акција која се одвиваше во изминативе неколку денови, за време на Велигденските празници но и во време на Ифтар. Нашите очекувања се дека веќе од утре ќе се направат сите припреми да се врати во нормална работа оваа делница”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Според оценката на Локвенец, иако оштетувањето на пругата е од голем обем, санацијата е извршена во рекордно време.

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра