Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Бодо/Глимт тврдат дека нивниот тренер бил нападнат од луѓето од Рома

Бодо/Глимт тврдат дека нивниот тренер бил нападнат од луѓето од Рома
300x250 opst2

Норвешкиот клуб, Бодо/Глимт ја обвини Рома дека се обидува да ги манипулира медиумите, тврдејќи дека тренерот на голманите на „волчицата“, Нуно Сантош е пријавен во полиција по нападот над нивниот тренер Кјетил Кнутсен.

Рома повторно загуби од Бодо/Глимт во меч од Конференциската лига на УЕФА, овојпат со 2:1 со гол во 89. минута, а финишот на мечот беше одбележан со тензии, а капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини тврдеше дека Кнутсен е тој кој го нападнал Сантош.

„Однесувањето на Рома не вклучува само физички напад над Кјетил Кнутсен, туку систематски напад на вредностите на Глимт. Иако сме мал клуб, не можеме да прифатиме такво однесување. Рома ги бомбардира медиумите со лаги за да се прикрие нивното неспортско однесување. Постои . од инцидентот кое го покажува нападот на Кнутсен. Бараме УЕФА да дозволи да се објави тоа .. Немавме друг избор освен да го пријавиме Нуно Сантос до полицијата поради физичкиот напад“, вели генералниот менаџер на клубот, Фроде Томасен.

> Бодо/Глимт тврдат дека нивниот тренер бил нападнат од луѓето од Рома <

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025