Утрински Весник
Свет

Блинкен: Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО

Блинкен: Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој е во официјална посета на Литванија, рече дека САД ја зајакнале заедничката одбрана на земјите-членки на НАТО, така што Вашингтон и сојузниците сега се подготвени да се соочат со секаква закана, вклучително и испраќање 7.000 нови американски војниците во Европа и прераспределбата на другите за зајакнување на источното крило на НАТО.

Блинкен ја повтори американската посветеност на членот 5 од НАТО дека напад врз една членка, е напад врз сите, нагласувајќи: „Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО“.

Американскиот државен секретар оцени дека Русија се обидува да ја поткопа литванската демократија и да сее поларизација со сајбер напади и дезинформации.

Тој исто така додаде дека САД и Литванија се обединети во нивната определба да бидат со Украина, додека руската инвазија на таа земја влезе во 12-тиот ден, пренесува Би-Би-Си.

Литванскиот министер за надворешни работи Габрелиус Ландсбергис повика на ембарго за купување на руска енергија.

„Не можеме да платиме нафта и гас со крвта на Украина“, истакна тој.

Можете да прочитате

Војната во Иран предизвикува рекордни цени на авионски билети

Иран дозволи ограничен премин на бродови низ Ормускиот Теснец

Петмина убиени во напад со дрон врз украинскиот град Никопол