Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Блесок на Богдановиќ во поразот на Атланта, Кари го растури Кавалирс

Блесок на Богдановиќ во поразот на Атланта, Кари го растури Кавалирс
Img 7972

Атланта Хокс ја прекинаа серијата од три победи, со поразот од Милвоки Бакс 120:109. Голден стејт Вориорс славеа против Кливленд Кавалирс 119:101.

Дуелот на екипите кои се наоѓаат на третото и четвртото место, во Источната конференција, го обележа Богдан Богдановиќ од Атланта Хокс. Српскиот репрезентативец, по паузата од два месеци, полека ја фаќа вистинската форма и на последните пет натпревари е најдобриот играч на Атланта.

Против Милвоки, Богдановиќ, постигна 28 поени, на кои придодаде шест скока и седум асистенции. Тој погоди шест тројки од 12 обиди, од поле шутираше 10/20. Дабл-дабл, со 16 поени и исто толку скокови, за Атланта одигра Клинт Капела.

Милвоки го предводеше Џру Холидеј со 23 поени и седум асистенции, Брук Лопез забележа 19 поени и 12 скокови, а најдобриот играч на Бакс, Јанис Адетокумбо постигна 15 поени.

Стеф Кари ги предводеше Голден стејт Вориорс во победата над Кливленд 119:101. Кари постигна 33 поени и го донесе својот тим на скор од 28 победи и исто толку порази. Кари на последните девет натпревари постигнува најмалку 30 поени.

Голема помош доби од Ендрју Вигинс кој уфрли 23 поени. Колин Секстон кај Кливленд, мечот го заврши со 30 поени.

> Блесок на Богдановиќ во поразот на Атланта, Кари го растури Кавалирс <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН