Утрински Весник
Магазин

Беше најубавото лице на светот, а денес е една од најомразените жени во Холивуд

Благодарение на судењето со поранешниот сопруг Џони Деп и тоа што судскиот процес го следеа камери, а со тоа и целиот свет, Амбер Херд стана една од најомразените жени во Холивуд.

Во изминатите неколку недели, Амбер Херд, до неодамна позната како поранешна сопруга на Џони Деп и убавата Мера од „Аквамен“, изминатиов период беше предмет на навреди, понижувања и хејтање на социјалните мрежи кое достигна неверојатни размери.

Во написот објавен пред неколку дена, „Њујорк Тајмс“ се осврна на напливот на омраза кон Амбер и заклучи дека огромна количина на ваквата омраза доаѓа во јавниот простор поради стотиците профили на „Тик-ток“ и „Јутјуб“ кои се занимаваа со случајот Деп-Херд.

„Ако го следите судењето на социјалните мрежи, малку е веројатно дека воопшто ќе наидете на нешто позитивно за Амбер Херд“, пишува Њујорк Тајмс.

На коментарите со омраза на сметка на Амбер, кои достигнаа милиони, влијаеше и фактот што судењето се пренесуваше во живо на Јутјуб и сите корисници можеа да дебатираат за она што го гледаат, а набљудувачите можеа да создадат свој впечаток иако никој од нив не можеше директно да влијае на исходот.

Дека Амбер собра милиони хејтери во последните неколку недели сведочи и петицијата нејзината улога во „Аквамен 2“ целосно да се повлече од филмот. Вкупно 4.558.086 луѓе досега потпишале петиција за отстранување на Херд од филмот, а тимот што ја покренал петицијата има за цел да собере 6 милиони потписи.

Од жена со најубаво лице на светот и активистка за правата на жените, Амбер Херд за неколку години стана една од најомразените жени во Холивуд, а ако се погледнат коментарите на интернет, и една од најомразените жени во светот.

Дали Амбер Херд ќе остане една од најомразените актерки во историјата?

Можете да прочитате

Што ќе јаде екипажот на „Артемис II“ на бродот?

Ново истражување: Пестицидите од храната завршуваат во телото

Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра