Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Бенфика се откажале од трансферот на Кавани

Бенфика се откажале од трансферот на Кавани
Img 7972

Единсон Кавани е слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ. Уругваецот се поврзуваше со транфсфер во Бенфика, но како што пренесуваат медиумите во Португалија, клубот се повлекол од преговорите.

Челниците на Бенфика биле шокирани од финансиските барања на 33 годишниот напаѓач. Кавани барал 20 милиони евра за три години. Оваа сума е преголема за Бенфика, а преговарачите биле разочарани од односот на Кавани бидејќи очекувале дека ќе побара помала плата.

Единсон Кавани во зимскиот преоден рок се поврзуваше со Интер и Атлетико Мадрид. Откако му пропаднаа преговрите со Бенфика нејасно е каде би можел да ја продолжи кариерата.

> Бенфика се откажале од трансферот на Кавани <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица