Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Бензема, Де Брујне и Куртоа во трка за наградата на УЕФА

300x250 opst2

Соиграчите од европскиот шампион, Реал Мадрид, Карим Бензема и Тибо Куртоа се најдоа на скратената листа во изборот за најдобар играч на УЕФА за минатата сезона, заедно со ѕвездата на Манчестер сити, Кевин де Брујне, додека на листата немаше место за ниту еден играч од Ливерпул.

dobivaj vesti na viber

Во изборот за најдобар тренер, во конкуренција се тренерот на Реал, Карло Анчелоти заедно со Јирген Клоп од Ливерпул и Пеп Гвардиола од Манчестер сити. Победниците ќе бидат откриени на 25 август во Истанбул при ждрепките за групната фаза во Лигата на шампионите.

Ниту еден од тројцата фудбалери ја немаат освоено наградата, која првпат беше доделена во 2011 (Лионел Меси).

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг