Утрински Весник
Магазин

Бела Торн на вечерна прошетка со партнерот

Бела Торн на вечерна прошетка со партнерот

Американската актерка, танчерка и пејачка Бела Торн ужива во романтични моменти со момчето, италијанскиот уметник Бенџамин Масколо.

Поранешната sвезда на „Дизни“ е прилично зафатена со нејзиниот контроверзен профил на страницата OnlyFans – платформа каде фановите плаќаат за ексклузивни фотографии и видеа.

Бела и Бенџамин во вторникот беа на вечера во квартот Западен Холивуд.

Таа изгледа ултра модерно во црн кожен корсет без прерамки и црно мини-здолниште што ги открива нејзините тонирани нозе, во комбинација со темни војнички чизми со дебела гумена платформа.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Што ќе јаде екипажот на „Артемис II“ на бродот?

Ново истражување: Пестицидите од храната завршуваат во телото

Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра