Утрински Весник
Спорт

Бекер: На Мареј му треба Вимблдон, а на Вимблдон му треба Мареј

Мареј и Серена ќе играат на двојки на Вимблдон

Лондон, 17 март 2020 (МИА) – Поранешниот прв рекет на светот Борис Бекер го коментираше продолжението на кариерата на Енди Мареј. Тој смета дека за Британецот е многу важно да игра на Вимблдон, исто тоа важи и за смиот Грен слем турнир.

– Нема ништо полошо од спортист кој не може да се натпреварува заради повреди. И јас имав такво искуство. Се надевам дека Енди ќе може да се врати на терените уште неколку години. Мислам дека него му е потребен Вимблдон, а на Вимблдон му треба Мареј. Секогаш е одлично кога локалните навивачи го имаат својот фаворит – и како одличен шампион на Вимблдон Енди значи многу на турнирот, изјави Бекер.

Мареј е победник на Вимблдон во 2013 и 2016 година. Последните две години се соочува со хронична повреда на колкот, поради која најави крај на кариерата. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026