Утрински Весник
Македонија

Безбедна и квалитетна водата за пиење во Скопје

Безбедна и квалитетна водата за пиење во Скопје

Скопје, 11 мај 2020 (МИА) – Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во периодот од четврти до осми мај годинава зема 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Град Скопје.

-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), соопшти „Водовод и канализација“-Скопје.

Од претпријатието информираат дека со цел подобра информираност на граѓаните на Град Скопје, го објавуваат неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење. мд/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сончево и многу топло, попладне нестабилно

Водно без вода – жители во очај и гнев: „Рестрикции, а 40 степени надвор!“

Вечерва избувна голем пожар и кај Македонски Брод, за сега никој не интервенира