Утрински Весник
Свет

Бајден негативен на ковид-тестот, но ќе остане во изолација до второ тестирање

Американскиот претседател Џо Бајден е негативен на тестот за Ковид-19, но ќе остане во изолација до вториот тест, објави неговиот лекар.

dobivaj vesti na viber

„ Претседателот се уште се чувствува многу добро – напиша д-р Кевин О’Конор и додаде: Со оглед на неговата позитивност за повторно тестирање, за која објавивме минатата сабота, продолживме со секојдневно следење. Утринава неговиот тест за антигенот SARS-CoV-2 беше негативен. Поради големата претпазливост, претседателот ќе продолжи со строгите мерки за изолација до втор негативен тест како што беше претходно опишано“, се вели во писмото.

Бајден (79) првпат беше позитивен на коронавирусот на 21 јули, а од изолација излезе во средата минатата недела.

Три дена подоцна, во саботата, поточно, Бајден повторно беше позитивен на коронавирусот, што О’Конор го објасни како случај на „враќање“ на инфекцијата што е забележана кај мал процент од пациентите кои користат антивирусен лек – Паксловид.

Можете да прочитате

Србија со жесток одговор за Брисел – Вучиќ ќе го соопшти во следните 72 часа

Колумбија и Венецуела, по седум години, ги отворија границите

Британија воведе нови санкции против Русија, на удар 92 поединци и организации