Утрински Весник
Свет

Бајден го поздрави одобрувањето на вакцината „Џонсон и Џонсон“

Бајден вети дека ќе заземе поцврст став кон Русија

Американскиот претседател, Џо Бајден, изрази задоволство и го поздрави одобрението издадено од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за вакцините на „Џонсон и Џонсон“.

„Ја гледаме светлината на крајот од тунелот, но не смееме да го спуштаме гардот или да претпоставиме дека победата над вирусот е сигурна“, рече американскиот претседател, Џо Бајден и ги повика Американците да продолжат да ги мијат рацете, да ја одржуваат физичката дистанца и да носат маски, рече тој.

„Постојано повторувам дека сè уште е можно ситуацијата да се влоши со ширењето на новите соеви на коронавирус и сегашниот позитивен тренд во борбата против заразата да се промени“, предупреди претседателот Бајден.

Анализите покажаа дека вакцината „Џонсон и Џонсон“ е 66 проценти ефикасна во спречување на умерени до тешки форми на Ковид-19 и 100 проценти ефективна против најтешките форми на болеста за кои е потребна хоспитализација и може да биде фатална.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МААЕ: Делови од иранската нуклеарна централа се погодени

Нови ракети од Иран кон Израел

Ако сакаат да одат надвор од државата Германците од 17 до 45 години мора да се пријават во армијата