Утрински Весник
Спорт

Балак во врска со 21-годишна пријателка на неговиот починат син Емилио

Поранешниот германски репрезентативец Михаел Балак е во врска со 21-годишна пријателка на неговиот починат син Емилио, помалку од една гоина од трагичната смрт на 18-годишникот во Португалија, тврди германскиот „Билд“.

45-годишниот бил забележан во друштво со 21-годишната Софија Шнајдеран на „Арт Базел“, изложба на модерна уметност, и тие не ја криеле својата блискост.

Емилио Балак загина кога неговиот квад-мотоцикл се преврте по семејна прослава во португалскиот дом на Балак. Емилио беше средниот од трите сина на Балак од врската со Симоне Ламбе, со која се разведе во 2012 година. Шнајерхан и Балак се зближиле по трагедијата и неколку пати биле видени заедно во Германија.

Загина 18-годишниот син на Михаел Балак

> Балак во врска со 21-годишна пријателка на неговиот починат син Емилио <

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара