Утрински Весник
Спорт

Ајнтрахт од Дортмунд гледа кон Лигата на шампиони

Ајнтрахт од Дортмунд гледа кон Лигата на шампиони

Ајнтрахт и Волфсбург направија крупни чекори кон Лигата на шампионите. Двата тима забележаа значајни победи и се зацврстија на третото и четвртото место на табелата во Бундес лигата.

Ајнтрахт, во попладневното дерби, победи во Дортмунд кај Борусија со 2:1. Победата Ајнтрахт ја обезбедија преку Андре Силва во 87.минута. Португалецот го постигна својот 22 гол сезонава. Претходно Ајнтрахт имаа предност со автоголот на Шулц во11.минута, а на истекот на првиот дел израмни Хумелс.

Ајнтрахт сега има 50 бодови на четвртото место, седум повеќе од Борусија Дортмунд. Четири поени повеќе од Ајнтрахт на третото место има Волфсбург. „Волците“, со голот на хрватскиот репрезентативец Брекало во 69.минута, го победија Келн со 1:0.



Победи од 2.1 забележаа Баер Леверкузен против Шалке и Аугсбург против Хофенхајм, додека 1:1 заврши натпреварот Мајнц-Арминија.

> Ајнтрахт од Дортмунд гледа кон Лигата на шампиони <

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026