Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Ајакс му дозволи на Тен Хаг да преговара со Манчестер јунајтед

Ајакс му дозволи на Тен Хаг да преговара со Манчестер јунајтед
300x250 opst2

Фудбалскиот клуб Ајакс му дозволил на тренерот Ерик тен Хаг да преговара со Манчестер јунајтед. Доколку двете страни постигнат договор, Манчестер јунајтед ќе мора да платата обесштетување, бидејќи Тен Хаг има важечки договор со Ајакс.

Манчестер јунајтед и Тен Хаг веќе имале една средба, на која тренерот ги изложил своите планови. Како што објави „Скај спорт“, преговарачите од Јунајтед биле задоволни од она што го слушнале.

За Тен Хаг гласал и актуелниот менаџер на Јунајтед, Ралф Рангник, кој по завршувањето на сезоната ќе отстапи во функцијата, но ќе остане во спортскиот сектор на Манчестер јунајтед

Тен Хаг има 52 години, во кариерата бил тренер во Го Ахед Иглс, вториот тим на Баерн Минехн, Утрехт и Ајакс. Тренер на Ајакс е од 2017 година.

> Ајакс му дозволи на Тен Хаг да преговара со Манчестер јунајтед <

Можете да прочитате

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион

Македонската фудбалска репрезентација го пречекува Казахстан во претпоследниот квалификациски меч за СП 2026