Утрински Весник
Спорт

Арсенал се заинтересирани за Серхи Роберто

Арсенал се заинтересирани за Серхи Роберто

Арсенал, како сега стојат работите, ќе потпише договор со Серхи Роберто, тврди „Мундо депортиво“. 30-годишникот во Лондон би се преселил како слободен играч.

Договорот на Роберто со Барселона истекува на 30.јуни. Јасно е дека тој не се наоѓа во плановите на тренерот Чави, од почетокот на сезоната одиграл само девет натпревари, сите додека во клубот беше Роберт Куман.

„Мундо депортиво“, пишува дека Чави не бил задоволен од формата на Роберто, поради што сугерирал да не му биде понуден нов договор.

Играчот кој може да покрие неколку позиции во тимот, рекол дека сака да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.

> Арсенал се заинтересирани за Серхи Роберто <

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара