Утрински Весник
Магазин

Анџелина Џоли сè уште испраќа божикни подароци за синот на нејзиниот поранешен сопруг

Анџелина Џоли сè уште испраќа божикни подароци за синот на нејзиниот поранешен сопруг

Анџелина Џоли секоја година му испраќа божикни подароци на синот на својот поранешен сопруг Били Боб Торнтон, Хари Џејмс.

Актерката – која ги има Медокс (20), Пакс (18), Захара (17), Шајло (15) и 13-годишните близнаци Нокс и Вивиен со вториот поранешен сопруг Бред Пит – беше во брак со Били Боб од 2000 до 2003.

Хари откри дека неговата маќеа никогаш не го изоставува на Божиќ и дека понекогаш разговара со него.

27-годишниот агент за недвижности изјави за „Ентертејнмент тунајт: „И ден-денес таа ми праќа подароци за Божиќ и слични работи. Не зборуваме често на телефон, но одвреме-навреме разговараме.“

Хари – чија мајка е моделот на Плејбој, Пјетра Доун Чернијак – има убави спомени од одморите со кампување со Џоли.

„Таа беше многу кул. Нè носеше на кампување секоја недела, а еднаш изнајми приколица и со неа отидовме на одмор. Си поминувавме убаво, беше многу забавна.“

По нејзиниот брак со Били Боб, ѕвездата на „Лара Крофт: Томб Рајдер“ се омажи за Бред, со кого има шест деца, од кои три се посвоени. Неколку години по разаводот со него, таа останува заплеткана во долга мачна битка за старателство над нивните тинејџери.

Можете да прочитате

Анџелина Џоли ја остави ќерката Захара во колеџ во Атланта

Седум британски градови во потесен избор за домаќини на Евросонг 20023

„Џон Вик 4“ ќе биде најдолгиот филм во серијалот, вели режисерот