Утрински Весник
Економија

Ангеловска на средба со текстилна и чевларска индустрија – дигитална платформа за освојување нови пазари

Ангеловска на средба со текстилна и чевларска индустрија – дигитална платформа за освојување нови пазари

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Преку креирање дигитална платформа се планира да се зголеми конкурентноста и да се отвори можноста за пласирање финални производи од текстилните компании и чевларската индустрија во земјава до странски пазари.

Денеска министерката за финансии Нина Ангеловска оствари првична работна средба за иницијативата „Модернизација и нови пазари“ од третиот сет мерки,  со претставници од текстилната, чевларската индустрија, МАСИТ, УСАИД, БЕП (Business Ecosystem Project), Асоцијација за е-трговија и Старт ап Македонија  за реализација на оваа идеја. Со ова, како што соопштуваат од Министерството за финансии, ќе им се помогне на компаниите од овие сектори да креираат дополнителна вредност и да освојуваат нови пазари и купувачи. На средбата присуствуваше и заменик-министерката за финансии Ширет Елези.

Како што беше истакнато на состанокот, кој се одржа во Министерството за финансии, скоро 80 отсто од текстилното производство во земјава е лон производство. Чевларските работилници пак, како што посочија претставниците, најголем број се мали компании. Преку мултисекторски пристап може да се отклучи потенцијалот, претприемнчикото размислување, користење нови технологии и пласман на квалитетни домашни текстилни производи и чевли.

Од претставниците на компаниите,како што стои во соопштението, е поздравена идејата за формирање дигитална платформа (marketplace). Се планира истата да се формира како независна, во која ќе можат да пристапат сите заинтересирани компании од текстилната и чевларската индустрија. Министерство за финансии, наведуваат, заедно со Царинска управа ќе работат да ги олеснат сите административни пречки и да го олеснат патот за сите компании.скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Наскоро сите домашни производи ќе се означени со „Македонско најдобро”

СДСМ: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за таа да се луксузира

Кочоска: За време на 7-годишно владеење на СДС просечниот раст на БДП беше 1,6%, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година успеа растот на БДП да го донесе на над 3%