Утрински Весник
Свет

Амбасадата на САД: Се надеваме дека ќе се вратиме во Киев на крајот на мај

Американската амбасада се надева дека ќе се врати во Киев до крајот на мај доколку условите дозволат, рече заменик-амбасадорката.

Американските дипломати ја напуштија амбасадата во Киев речиси две недели пред Русија да почне инвазија на Украина на 24 февруари, преместувајќи некои функции во западниот град Лавов пред тие на крајот да бидат преместени во Полска.

„Ги слушаме безбедносните професионалци и кога ќе ни кажат дека можеме да се вратиме, ќе се вратиме“, рече заменик-амбасадорката Кристина Квиен на брифингот со новинарите.

Некои западни земји веќе ги вратија своите амбасади во Киев, додека главниот фокус на борбите во Украина се префрли од главниот град на исток и југ од земјата.

Можете да прочитате

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа

Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати