Утрински Весник
Спорт

Алфа Ромео со „камуфлажен“ болид, Вилијамс на новиот болид без името на Сена

Алфа Ромео со „камуфлажен“ болид, Вилијамс на новиот болид без името на Сена

Стартот на новата Ф1 сезона наближува и тимовите се многу поактивни со своите обврски и презентации. Последни на оваа листа се Алфа Ромео, кои имаа „шејкдаун“ тест на својот болид, додека Вилијамс го презентираа својот нов болид.

Новиот болид на швајцарскиот тим Алфа Ромео (поранешните Заубер), Ц42 треба да биде последен претставен, но на социјалните мрежи се појавија спектакуларни фотографии од нивниот тест на италијанската патека Фиорано со двајцата нови возачи, финскиот ветеран Валтери Ботас и кинескиот дебитант Гуају Жоу.

Вилијамс, пак, откако беа откупени од американската инвестициска компанија Дорлитон капитол, го претставија својот нов болид за 2022, со едно необично отсуство – славното Ѕ-лого во чест на Аиртон Сена.

Вилијамс на своите болиди имаа посвета кон Бразилецот по неговото загинување на Сан Марино ГП трката во 1994 година, по само неколку трки со тимот по трансферот од Мекларен. Но, шефот на тимот, Јост Капито потврди дека нема да го има логото бидејќи тимот решил да „гледа кон иднината“, но посочи дека тимот ќе продолжи да му оддава почит на Сена на поинаков начин.

Вилијамс во новата сезона влегуваат со искусниот Канаѓанец Николас Латифи и со поранешниот возач на Ред бул, Александер Албон.

> Алфа Ромео со „камуфлажен“ болид, Вилијамс на новиот болид без името на Сена <

Можете да прочитате

О’Саливен ја тужи Светската снукер организација, бара 12 милиони евра

Нестварен пресврт на Денвер во Далас, Индијана ја прекина победничката низа на Кливленд

Синер го доби првиот натпревар на Австралија Опен 2025