Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Алкараз е незапирлива природна сила – го збриша Карењо Буста за трофеј во Барселона

Алкараз е незапирлива природна сила – го збриша Карењо Буста за трофеј во Барселона
Img 7972

Шпанскиот тинејџер, Карлос Алкараз, уште еднаш покажа дека споредбите со неговиот славен сонародник Рафаел Надал се на место, откако во неделата прво спаси две меч-топки во полуфиналната пресметка со Алекс де Минаур, за попладнето со 6:3/6:2 за нешто повеќе од еден час да го „уништи“ Пабло Карењо Буста и да го крене трофејот од Барселона опен, негов втор во кариерата.

Алкараз помина повеќе од пет часа на теренот во неделата, бидејќи прво се спаси од пораз од Австралиецот Ди Минаур, за потоа против ветеранот Карењо Буста да покаже неверојатна сила и знаење за игра на земја за убедлива победа.

18-годишниот Алкараз оваа сезона го освои својот прв трофеј во кариерата, триумфирајќи на Рио опен во Бразил, и сега ќе биде еден од фаворитите за титулата од Ролан Гарос, посебно поради несигурната форма на Новак Ѓоковиќ и повредите кои го мачат Надал.

> Алкараз е незапирлива природна сила – го збриша Карењо Буста за трофеј во Барселона <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН