Утрински Весник
Економија

АД ЕСМ и РЕК Битола донесоа Акционен план за санирање на последиците од поплавите во рудниците на РЕК Битола

АД ЕСМ и РЕК Битола донесоа Акционен план за санирање на последиците од поплавите во рудниците на РЕК Битола

Во РЕК Битола денеска се одржа состанок на членовите на Управниот одбор на АД ЕСМ и на раководството на комбинатот на кој се донесе Акционен план за надминување на последиците од поплавите во рудниците на РЕК Битола.

„Само со максимална ангажираност и посветеност на сите вработени во РЕК Битола, како и во останатите подружници на АД ЕСМ, ќе го совладаме и овој предизвик“, кажа претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Државните електрани, Васко Ковачевски.

Директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски, изрази надеж дека со сопствени ресурси, а по потреба и со поддршка на надлежни институции во земјава, комбинатот успешно ќе ги санира штетите од поплавите.

Подготвени се редица краткорочни и среднорочни мерки што ќе бидат реализирани со поддршка на Управниот одбор на АД ЕСМ за брзо и ефикасно санирање на штетите.

Според податоците на стручните служби во РЕК Битола, во Рудникот Суводол во РЕК Битола се слеале околу 630.000 метри кубни вода, што претставува временски феномен незабележан во последните 20 години.

„И покрај елементарната непогода со која се соочува комбинатот, производството на електрична енергија засега продолжува непречено, согласно планот и потребите на електроенергетскиот систем на земјата“, соопштија од компанијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

По Божик ќе биде исплатен вториот заем од 500 милиони евра од Унгарија, најави Мицкоски

Економски форум „Трка до дното“ – Транспарентност на државната помош за привлекување и поддршка на инвестиции во Западен Балкан

Експерти од Народната банка дадоа придонес кон студија на Светската банка за корпоративната финансиска одржливост