Утрински Весник
Свет

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат германските медиуми.

До несреќата дошло кога автомобил, од засега нејасни причини, излетал од патот и удрил во група луѓе, кои стоеле на тротоарот.

Како што пренесеува „Билд“, меѓу повредените се мајката (39) на загинатото дете и друг пешак (43) кој не припаѓа на семејството. Тие се сериозно повредени и со спасувачки хеликоптери се итно пренесени во болница. Возачот на автомобилот и двегодишно дете кое седело во детска количка на тротоарот, се здобиле со полесни повреди, соопшти полицијата.

Од полицијата соопшти дека засега ништо не укажува дека се работи за терористички напад.

„ Во моментов нема докази дека возачот намерно влетал во толпата“, рече главниот детектив Антје Хејманс од полицискиот орган во областа Вјерсен.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАСА го лансираше „Артемис II“, првиот лет со екипаж до Месечината по повеќе од 50 години

Иран: Војната ќе трае сè додека непријателот не биде целосно поразен

Трамп: Ќе го вратиме Иран во камено доба