Утрински Весник
Свет

Австралија: Трет ден по ред без локален пренос на Ковид-19

Австралиските држави им забранија влез на патниците од Сиднеј поради коронавирусот

Трет ден по ред, Австралија нема забележано случаи на локално пренесување на коронавирус, додека тенисерите се подготвуваат за првиот грен слем во годината, Австралија опен во Мелбурн кој треба да се одржи од 8 до 21 февруари.

На годинашниот Грен слем, поради пандемијата ќе има максимум 30 000 гледачи дневно, што е за околу 50 проценти помалку од вообичаеното, објави Ројтерс.

Австралија ги принуди тенисерите да останат во хотел за време на двонеделен карантин кога пристигнаа во Мелбурн во јануари, а во петокот над 500 тенисери и членови на нивниот стручен штаб требаше да бидат тестирани за ковид, откако еден вработен во хотелот беше позитивен на тестот.

Речиси 1.200 блиски контакти на заразениот хотелски работник биле тестирани за Ковид-19 и сите се негативни, изјавија здравствените власти од државата Викторија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Војната во Иран предизвикува рекордни цени на авионски билети

Иран дозволи ограничен премин на бродови низ Ормускиот Теснец

Петмина убиени во напад со дрон врз украинскиот град Никопол