Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Абрамович се „премислува“, Челси може да биде исфрлен од Премиерлигата?

Img 7972

Челси може да биде исфрлен од Премиерлигата следната сезона доколку не успее продажбата на актуелниот европски шампион од Роман Абрамович, кој наводно се премислува околу отпишувањето на долгот од 1.6 милијарди фунти кој клубот го има директно кон него, тврдат англиските медиуми.

Американскиот милијардер Том Бели е најверојатниот нов купувач на клубот, но сега постои ризик договорот да пропадне, откако Абрамович претходно изјави дека ќе се откаже од огромната сума на пари која ја вбризгуваше во тимот преку својата инвестициска компанија.

Доколку се исплати овој долг, тоа значи дека тој ќе заработи огромна сума од зделката, нешто што британската влада неколку пати изјавуваше дека е неприфатливо поради санкциите кои го одреди кон Русинот.

Според „Дејли мејл“, британската влада јасно порачала на клубот дека има оперативна лиценца до 31 мај, и дека договорот мора да биде „прифатлив“ за владата, односно Абрамович да не заработи пари од него.

„Сан“ пак, тврди, дека е реална можност Челси да не добие дозвола да настапува во Премиерлигата во 2022/23 доколку не се склучи договор до 31 мај.

> Абрамович се „премислува“, Челси може да биде исфрлен од Премиерлигата? <

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент