Утрински Весник
Македонија

Јованоски: Ќе го менуваме деталниот урбанистички план за нов театар во Прилеп

Јованоски: Ќе го менуваме деталниот урбанистички план за нов театар во Прилеп

Прилеп, 13 февруари 2020 (МИА) – Прилеп има идејно решение за нов театар во склоп на Домот на културата „Марко цепенков“, но нема нов детален урбнистички план за реализацијата на проектот.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски неопходно е донесување на детален урбанистички план што најавува дека ќе се случи најдоцна наредниот месец.

– Очекуваме овој месец да заврши промената на деталниот урбанистички план кој ќе го донесеме на седница на општинскиот совет до март, за да може да бараме средства од Министерството за култура за да се прави нов театар во склоп на Домот на културата „Марко Цепенков“, изјави Јованоски за новиот театарски објект во Прилеп за кој се говори со години. Инаку прилепскиот театар слави 70 години од постоењето и сѐ уште, главно работи во стариот објект.

Јованоски признава дека недостатокот од нов детален урбанистички план е кочницата што лани средствата од Министерството за култура од околу 5 милиона денари за основен проект за театарот се повлечени и не може да се стават во функција, иако локалната смаоуправа на конкурс избра идејно решение за нов театар за, како што вели Јованоски, да му помогне на Министерството.

– Во Министерството за култура биле предвидени околу пет милиона денари за основен проект за новиот театар. Но, бидејќи во 2019 година не е донесен деталниот урбанистички план и затоа с еповлечени тие средства и не може да се прави основниот проект. Инаку, деталниот урбанистички план не е донесен поради проблеми помеѓу Општината и Министерството за транспорт и врски. Во ваквите ситуации, секогаш има дополнителни барања од институциите. Ние инсистираме час поскоро да се донесе деталниот урбанистички план и сме во постојан контакт со Министерот за транспорт и врски, изјави Јованоски.

Идејното решение на прилепската локална самоуправа за нов театар во склоп на прилепскиот Дом на културата „Марко Цепенков“ е од 2018 година.ем/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитриевски: Ќе работам на обединување на граѓаните, на власта и опозицијата…

Османи: Европскиот фронт е голема идеја чие време е дојдено

Таравари: Ќе ја вратиме некогашната репутација на Куманово и Липково