Утрински Весник
Спорт

Четврт-финални пресметки на СП во Египет

Четврт-финални пресметки на СП во Египет

Четврт-финалните натпревари на 27.Светско првенство во ракомет ќе се одиграат денес во Египет. Актуелниот шампион Данска, од 17.30 часот, ќе игра против домаќинот Египет, додека од 20.30 часот, на програмата се натпреварите Шпанија-Норвешка, Шведска-Катар и Франција-Унгарија.

Во досегашниот тек од шампионатот победи на сите натпревари забележаа Данска и Франција, а покрај нив непоразени се и Швеѓаните, кои два пати ремизираа и четири пати победија.

Данците по импресивната победа над Хрватска ги очекува пресметка со мотивираниот домаќин.

„Секогаш е тешко кога играте против домаќинот. Очекуваме физички тешко натпревар, ќе пресуди одбраната и инспирацијата на голманите“, рекол данскиот селектор Николај Јакобсен.

Дербито ќе го одиграат Норвешка, второпласирана од последниот Мундијал и европскиот првак Шпанија. Македонската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат овој натпревар.

Шпанија 24 години нема пораз од Норвешка, последен пат скандинавците победиле во 1997 година, кога најдобриот норвешки играч, Сандер Сагосен имал само две години.

„Шпанија е добра тим со многу одлични играчи. Од друга стран и ние играме добро, мислам дека можеме да им се спротивставиме“, рекол Сагосен.

Швеѓаните го бркаат своето прво полу-финале по пауза од 10 години, тие го победиле Катар на последните две средби.

„Ќе ги анализираме и ќе се подготвиме. Знаеме дека физички се силна репрезентација, имаат неколку добри шутери, се издвојуваат Франкис и Капоте“, изјавил селекторот на Шведска, Глен Солберг.

Бекот на Катар, кој настапува во Порто, Франкис Марзо со 53 гола и најдобар стрелец во досегашниот тек од шампионатот.

Французите, на последниот Мундијал беа 14, во Египет ќе се обидат да дојдат до медал. Во претходните натпревари ги победија силните репрезентации на Норвешка и Португалија.

„Унгарија во минатото успевала да забележи добар резултат, но никогаш немала константност. Сега се стабилни и ефикасни. Нас не очекува најважниот меч на шампионатот. Имаме млад, нов тим, се уште некои работи не функционираат како што треба, но се наоѓаме на вистинскиот пат“, рекол селекторот на Франција, легендарниот Гијом Жил.

Последен пат Франција и Унгарија играле на ЕП во Белград, во 2012 година, победата тогаш им припадна на Унгарците.

> Четврт-финални пресметки на СП во Египет <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка