Утрински Весник
Спорт

Фрацускиот „Ле класик“ со многу искри, но без голови

Фрацускиот „Ле класик“ со многу искри, но без голови

Големото француско дерби на „Велодром“ помеѓу лутите „непријатели“ Олимпик Марсеј и Пари Сен-Жермен заврши без голови и без победник, но со многу искри, факли, провокации и со црвен картон кој го одбележа второто полувреме.

Ова беше прв „Ле класик“ за Лионел Меси, и тој сигурно си замина воодушевен од атмосферата која ја направија навивачите на Марсеј, кои на моменти беа толку „наострени“, што Нејмар мораше да добие полициска заштита за да изведе корнер.

Во првото полувреме, на двата тима им беа поништени по еден гол – прво тој на Луан Перес за ПСЖ во 14. минута, а потоа само седум минути подоцна и голот на Аркадијуш Милик за Олимпик. Второто полувреме беше одбележано со црвениот картон на Ашраф Хакими за фаулот над Ченгиз Ундер кога тој беше во шанса за гол, по што тимот на Маурисио Почетино мораше повеќе да се концентрира на одбраната.

Резултатот не менува многу на табелата – ПСЖ остануваат лидери со 28 поени, 7 пред Ленс, ддека Марсеј се четврти со 18 поени.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-4-37167”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

> Фрацускиот „Ле класик“ со многу искри, но без голови <

Можете да прочитате

Над три милиони луѓе во салите ги следеа натпреварите од регуларниот дел од Евролигата

Италија го обезбеди петтото место во Лигата на шампионите

Дождот направи хаос, Норис пред Хамилтон и Алонсо на пол-позицијата за спринт-трката во Шангај