Утрински Весник
Македонија

Три нови случаи на Ковид-19 во Гостиварско

Три нови случаи на Ковид-19 во Гостиварско
Ss2

Гостивар, 7 јуни 2020 (МИА) – Епдимеиолозите открија три нови случаи на инфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион. Последните тестирања дадоа по еден позитивен резултат во трите општини. До денеска вкупно активни се 29 случаи.

Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб, вчера епдемилошките служби тестирале 16 лица. Во општина Гостивар сега има 14 активни случаи, во општина Врапчиште 12, а во Маврово и Ростуше 3.

300x250 (7)

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари кој е претседател на штабот ја оценува состојбата како стабилна, но предупреди на задолжително почитување на мерките за заштита, особено во овој период кога регионот се соочува со вториот бран на пандемијата.

Во трите гостиварски општини од почетокот на пандемијата направени се 470 тестови и вкупната бројка на регитрирани е 50. Од нив 24 се во Гостивар, 21 во Врапчиште и пет во Маврово и Ростуше. Како последица од инфицирање со корона вирусот починаа три лица. згм/ац/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Сообраќајка кај Градско-четири лица се повредени меѓу кој и двегодишно дете

Мицкоски: Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија

Ограбиле казино на патот Тетово-Јажинце, па полицијата ги уапси по неколку часа