Утрински Весник
Свет

Трамп го исмеа „Њујорк тајмс“ за лажната вест за Маунт Рашмор

Трамп го исмеа „Њујорк тајмс“ за лажната вест за Маунт Рашмор

Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше написот на „Њујорк тајмс“ во кој се вели дека посакал неговиот лик да биде исклесан на Маунт Рашмор, истовремено велејќи, на шега, дека му се допаѓа идејата, пренесува РТ.

Трамп на Твитер жестоко го критикуваше весникот, како и Си-ен-ен, кој емитуваше слична приказна заснована на строијата на „Њујорк рајмс“.

„Ова е лажна вест од неуспешните @nytimes и @CNN со ужасен рејтинг. Никогаш не сум го предложил тоа иако, врз основа на многу од постигнатите работи во првите 3 и пол години, ми звучи како добра идеја!“, тој напиша.

Цитирајќи „републикански претставник запознат со разговорот“, „Њујорк тајмс“ тврдеше дека помошник во Белата куќа минатата година контактирал со канцеларијата на гувернерот на Јужна Дакота за да праша за додавање „дополнителни претседатели“ на познатата скулптура на која се исклесани ликовите на претседателите Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Абрахам Линколн и Теодор Рузвелт.

Анонимниот извор ја поттикнал долгогодишната шпекулаиција дека Трамп сакал да го смени Маунт Рашмор уште од почетокот на мандатот. Според гувернерот на Јужна Дакота, Кристи Ноем, Трамп на состанокот во 2018 година рекол дека негов „сон“ е да си го види ликот на познатата планина. Ноем рече дека тој бил мртов сериозен.

Трамп го спомена ова прашање јавно, но тврди дека идејата била кажана на шега.

„Би прашал дали мислите дека некој ден ќе бидам на Маунт Рашмор или не, но еве го проблемот: ако го сторам тоа на шега, за забава, лажните медиуми ќе кажат„ тој верува дека треба да биде на Маунт Рашмор “, рече Трамп на еден политички митинг во 2017 година.

Минатата година Трамп истакна дека би добил лош публицитет ако изрази вистинска желба да биде на Маунт Рашмор.

Познатиот споменик за кратко време стана политичко и културно бојно поле откако Трамп присуствуваше на прославата на 4 јули годинава. Многу медиуми кои претходно го фалеа споменикот, почнаа да објавуваат приказни во кои се вели дека тоа ги претставува ропството и угнетувањето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Разузнавачки извор за Си-ен-ен: Директните напади меѓу Израел и Иран завршија

Почна евакуација на населението поради ерупција на вулканот во Индонезија

Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев