Утрински Весник
Спорт

Тотенхем ги потврдија Герет Бејл и Серхио Регуилон

Тотенхем ги потврдија Герет Бејл и Серхио Регуилон

Тотенхем го потврдија враќањето на Герет Бејл и потписот на Серхио Регуилон од Реал Мадрид, со што неочекувано станаа меѓу „победниците“ на летниот преоден рок.

31-годишниот Бејл се враќа во англиската престолнина, од каде што замина во 2013 година како најскап фудбалер на светот. Тој освои две титули од Ла лига, четири од Лигата на шампионите со Реал, но никогаш не успеа да стане миленик на публиката, но и на тренерите (посебно на Зинедин Зидан), и по „бојкотот“ на клубот, Реал се обидуваше да го продаде подолго време.

Додека беше фудбалер на „Вајт харт лејн“, Бејл постигна 55 гола во 203 настапи за Тотенхем, освојувајќи ја наградата за најдобар фудбалер во Премиер лигата. Овојпат тој доаѓа на позајмица од Реал, со можност за откуп на договорот следното лето.

Покрај Бејл, кој се враќа во својот стар тим, Тотенхем го добија и талентираниот дефанзивец Серхио Регуилон за 28 милиони фунти, иако 23-годишниот Шпанец беше во напреднати преговори со Манчестер јунајтед.

Регуилон минатата сезона ја помина на позајмица во Севилја, каде што го привлече вниманието на многу големи европски клубови и откако Севилја не успеа да се договори за уште една сезона, Тотенхем направија подвиг.

> Тотенхем ги потврдија Герет Бејл и Серхио Регуилон <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами