Утрински Весник
Спорт

Тајсон ја закажа „борбата на векот“

Тајсон ја закажа „борбата на векот“

Легендарниот боксер Мајк Тајсон (54) пронајде ривал за борба по цели 15 години и тоа не било каков, туку ајкула. Тој со ајкула ќе се бори на отворено море.

Екс-светскиот шампион во супертешка категорија ќе се бори со едно од најопасните, најбрзи и најсилни животни во морскиот свет.

Се разбира, се работи за симулација на „Discovery Channel“, во „Неделата на ајкулата“.

Тој, според информациите ќе се бори со ајкулата под вода, а нагласено е дека ниту една ајкула не била повредена во текот на снимањето.

Епизодата од борбата се очекува да се емитува на 9 идниот месец.

Еве како помина американскиот пливач, Мајкл Фелпс пред три години.

> Тајсон ја закажа „борбата на векот“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Европа ќе има нов фудбалски владетел

Баерн го скрши Арсенал за полуфинале во ЛШ

Стојановски успешно опериран – 24info.mk