Утрински Весник
Спорт

Скубе во тимoт на колото, Дибиров со најубав гол

Скубе во тимoт на колото, Дибиров со најубав гол

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Организаторот на играта на Вардар Сташ Скубе имаше голема засулга за саботната победа над Мотор Запорожје со 38:28 во 12. коло од Б-групата на Лигата на шампионите. Словенецот постигна осум голови и заслужено се најде во идеалниот тим на колото во изборот на ЕХФ.

Во друштво на Скубе во ова коло се:
левото крило – Уго Деска (Монпелје)
лев бек – Жоан Канелјас (ПИК Сегед),
десен бек – Алекс Душебаев (Кјелце)
десно крило – Мариус Штајнхаузер (Флензбург)
пивотмен – Хенрик Пекелер (Кил),
голман – Андреас Вулф (Кјелце).

Место за индивидуална награда во ова коло имаше и за Тимур Дибиров.
Тој беше во изборот на најдобар гол, и според ЕХФ токму неговиот беше најатрактивен. Доби топка од Скубе, а рускиот репрезентативец влезе на 6 метри и во скок го измами голманот постигнувајќи атрактивен гол.

По 12 одиграни натпревари Вардар е на петтото место и веќе има обезбедено место во осминафиналето во елитното ракометно натпреварување. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка