Утрински Весник
Спорт

Сетиен: Ваквите порази болат!

Сетиен: Ваквите порази болат!

Прашање е дали тренерот на Барселона, Кике Сетиен по денешниот кошмарен ден за сите навивачи за каталонскиот клуб (пораз на Барса со 8-2 од Баерн) утрото ќе го дочека како предводник на Барса. Тој вечерва по мечот призна дека Баерн заслужил да победи.

„Ова е навистина болен пораз. Мислам дека е изразен со преголема разлика, иако тие заслужија да ги постигнат најголемиот дел од головите. Не надиграа целосно во одредени моменти, а тие беа многу ефикасни. Имавме добар почеток, но тие покажаа дека поседуваат квалитет. Во моментов не би сакал да коментирам повеќе, јасно е дека постои голема фрустрација по ваквата елиминација, па сега ни останува да извлечеме заклучоци и да донесеме одлуки. Барса е навистина голем клуб и ваквите порази болат“ рече Кике Сетиен по поразот.

> Сетиен: Ваквите порази болат! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами