Утрински Весник
Македонија

Светски трендови во стоматологијата и забната техника презентирани на стручен собир на забни техничари

Светски трендови во стоматологијата и забната техника презентирани на стручен собир на забни техничари
Ss2

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Современи светски трендови во стоматологијата и забната техника беа презентирани од предавачи од државава, Германија, Италија, Хрватска, Чешка и Унгарија на стручниот собир на забни техничари „Заботехнички кварт 2020″, што се одржа викендот во Скопје.

Предавачите одржаа предавања на теми, како што се дигиталниот CAD/CAM пристап во модерната стоматологија, современите протетски решенија над природни заби и импланти, како и можностите кои ги нудат денешните материјали за изработка на врвни протетски производи.

Ss1

На собирот, што се одржа во организација на Здружението на забни техничари, учествуваа повеќе од 300 учесници од земјава и регионот.

Седумнаесет етаблирани компании од земјава и регионот го изложија својот асортиман на производи и апаратура со што им овозможија на присутните да се запознаат со најновите технологии кои се нудат на светскиот пазар.

На собирот се обратија министерот за здравство Венко Филипче и претседателката на Комората на здравствени работници со средно, вишо и високо стручно образование, Виолета Котевска. рп/бак/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција, Ганиу му врати дека терапијата од Таравари ќе ја прими на 8 мај

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Костадиновска-Стојчевска: Со шест милиони евра во следните три години, Турскиот театар добива современ и опремен дом, достоен на реномето