Утрински Весник
Спорт

Робертсон се „искупи“ против Арсенал – шампионот со три победи во низа

Робертсон се „искупи“ против Арсенал – шампионот со три победи во низа
Ss2

Ливерпул го продолжи совршениот старт на сезоната, победувајќи ги Арсенал со 3:1, за да им се приклучи на Евертон и Лестер на врвот на табелата со три победи и 9 поени по првите три кола во Премиер лигата.

Човек на одлука беше Енди Робертсон, откако Шкотланѓанецот прво беше виновен што „црвените“ започнаа со негатива, за потоа со неговиот гол да ја обезбеди победата.

Ss1

Александер Лаказет во 25. минута се најде во шестнаесетникот на Ливерпул, а Робертсон со неверојатно несмасна реакција му ја даде топката и тој лесно го совлада Алисон за водство.

Меѓутоа, само три минути подоцна, по одличната акција на Мохамед Салах, Садио Мане успеа да израмни, а во 34. минута Трент Александер-Арнолд му даде фантастична топка на Робертсон, за тој да се „искупи“ за грешката и да ги донесе „црвените“ во водство. Ливерпул имаа повеќе од играта, и во 88. минута, Диого Жота го постигна својот прв гол во дресот на Ливерпул по трансферот од Вулверхемптон.



> Робертсон се „искупи“ против Арсенал – шампионот со три победи во низа <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Сакам да учествувам и на ОИ во 2028 година

Интер слави скудето на „Сан Сиро“

Ѓоковиќ по петти пат е најдобар спортист во светот