Утрински Весник
Спорт

Робен со исповед за својата болна сопруга од КОВИД-19

Ван Бомел го сака Робен повторно во ПСВ

Минхен, 9 април 2020 (МИА) – Поранешниот играч на Реал (Мадрид) и Баерн (Минхен), Ариен Робен откри дека неговата сопруга Бернадијан била болна од КОВИД-19, што било многу стресно.

– Беше многу застрашувачко. За среќа, таа се опорави. Имаше проблеми со дишењето и многу тежина во градите. Најинтересно е дека и јас и децата се тестиравме негативно. Можеби сме се разболеле порано и да не сме забележале. Среќен сум што работите не станаа полоши, рече Робен.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами