Утрински Весник
Магазин

Ридли Скот возврати на критиките на семејството Гучи

Ридли Скот возврати на критиките на семејството Гучи

Со еден од најелегантните ансамбли на модерното време – Лејди Гага, Џаред Лето, Адам Драјвер, Ал Пачино, Џереми Ајронс, Салма Хајек и Џек Хјустон – оваа драматизација на убиството на Маурицио Гучи секако ја поларизираше публиката и критичарите, и наиде на остра осуда од семејството Гучи.

Патриција Гучи, една од вторите братучедки на Маурицио, тврдеше дека филмот House of Gucci не е верен – иако режисерот Ридли Скот соработувал со познатата модна куќа додека го снимал филмот.

„Се обидов да искажам што е можно поголема почит кон фактите,“ рече тој во интервју за „Тотал филм“.

„Приказната, на смешен начин е всушност сатира. И затоа, сатирата е отмен начин да се каже дека е комедија. И мислам дека има доста комично. Секако во првите два чина,“ додаде тој.

Минатата недела, во програмата „Тудеј“ на Би-би-си радио 4“ режисерот разговараше за новиот филм во кој Лејди Гага ја глуми жената осудена за организирање на убиството на нејзиниот поранешен сопруг и поранешен шеф на модната куќа „Гучи“.

Братучетка на убиениот Маурицио посочи дека филмот го краде идентитетот на едно семејство за да оствари профит за да го зголеми приходот на холивудскиот систем.

Одговарајќи на нејзините коментари, легендарниот режисер рече: „Јас не се занимавам со тоа. Мора да запомните дека еден Гучи беше убиен, а друг отиде во затвор поради затајување данок, така што не можете да ми зборувате за остварување профит. Штом го направивте тоа, станувате дел од јавниот домен“.

А, што се однесува на замерките дека физички изглед на Ал Пачино нема ништо заедничко со Алдо Гучи, режисерот одговори: „Искрено, како би можеле подобро да бидат претставени од Ал Пачино? Извинете! Веројатно ги имате најдобрите актери на светот, треба да имате толку среќа.“

Можете да прочитате

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

Најопасните години од животот за секој хороскопски знак