Утрински Весник
Спорт

Реконструирана тревната површина на Националната Арена „Тодор Проески“

Реконструирана тревната површина на Националната Арена „Тодор Проески“
Ss2

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Во период на стопирани спортски активности во државата, АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје изврши генерално реконструирање на тревната површина на Националната Арена „Тодор Проески“.

– Постапката е од исклучителна важност, особено ако се земе предвид дека е единствен стадион во државата кој исполнува услови за меѓународни натпревари, на него се играат и домашни натпревари, па со самото тоа Националната Арена е меѓу најексплоатираните стадиони по број на одржани настани, информираат од претпријатието.

300x250 (7)

Во рамки на генералното реконтруирање извадени се чепови за подобра дренажа на теренот, извршено е површно гребење за отстранување на коровот на тревата, пресеан е комплетниот терен со високо квалитетни семиња кои ќе обезбедат тревна подлога по сите светски стандарди, а површината е порамнета и со екстра фин песок и тресет за квалитетна основна подлога .

Се очекува оваа комплетна реконструкција да донесе долгорочен позитивен ефект за формата, издржливоста и квалитетот на тревната површина.

– Новиот терен ќе значи коплетна подготвеност на стадионот за претстојниот период кога треба да се одигра домашното фудбалско првенство, како и останатите меѓународните натпревари предвидени за периодот кој следува. Со ова, нашите спортисти ќе имаат беспрекорни услови за игра, како што впрочем им обезбедуваме со години наназад, соопштија од АДСДП на РСМ. зс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Скандал во Премиер лигата: Двајца фудбалери уапсени под сомнение за силување

Ограбена куќата на Лука Вилдоза во текот на натпреварот на неговиот тим во Евролигата

Арсенал пукна „петарда“ во мрежата на Челзи