Утрински Весник
Македонија

Прскање против комарци во општините од Југоистокот

Прскање против комарци во општините од Југоистокот

Струмица, 4 јуни 2020 (МИА) – На 10 и 11 овој месец во десетте општини од Југоисточниот плански регион ќе се организира прво прскање против комарци по земјен пат, соопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Како што информираат оттаму планирани се две третирања за ларвициди и три третирања против адултни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 хектари.

На 10 јуни ќе се прска против комарци од 18:00 до 02:00 часот во општините Конче, Радовиш, Ново Село, Василево, Босилово и Струмица, а на 11 овој месец во период од 19:00 до 02:00 часот во Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во перодите кога ќе се прска. рт/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МОН ги известило училиштата дека основците ќе треба неработните денови да ги одработат во саботи

Гром ќе се залага за изградба на 5 Старечки домови ширум државата и 10 геријатриски центри

Костадиновска-Стојчевска: Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти