Утрински Весник
Култура

Промоција на „Југослав“ – роман од Ана Вучковиќ

Промоција на „Југослав“ – роман од Ана Вучковиќ

Вечерва, со почеток од 20 часот во МКЦ (сала Фросина) ќе се одржи промоција на романот „Југослав“ од Ана Вучковиќ.

„Југослав“ е една елегична поема за заедничкото време што јунакињата го поминала со својот татко, со посебен акцент на времето поминато во убиената Југославија.

Промотори на книгата се Лилјана Пандева и Сашо Огненовски, папреведувач на делото,а модератор е Јулијана Величковска.

„Југослав“ е една елегична поема за заедничкото време што јунакињата го поминала со својот татко, со посебен акцент на времето поминато во убиената Југославија– Срѓан Средиќ.

Ана Вучковиќ (1984, Белград) дипломирала на Факултетот за драмски уметности на отсекот за драматургија, а магистрирала на филмологија. Нејзината писателска кариера ја започнува на петнаесетгодишна возраст во 1999 г. кога за краткиот расказ „Нишалка“ ја добива наградата „Борслав Пекиќ“. Авторка е на романите: „Епохата пцовиса вчера“ (2003), „Ласт’н’даст“ (2004), „Сурфинг Србија“ (2021) и „Југослав“ (2019), како и на збирката раскази „Плишениот солитер“ (2007). Со својот прв роман и со романот „Југослав“ беше во потесен круг за НИН-овата награда, додека, со збирката раскази „Плишениот солитер“ беше во потесен круг за наградата „Исидора Секулиќ“. Таа е новинар во Радио Белград, пишува колумни за „Сити магазин“ и уредник е на повеќе емисии на Радио Апарат ‒ алтернативна радиостаница во Белград.

Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните протоколи за организирање настани во затворен простор.

Текстот Промоција на „Југослав“ – роман од Ана Вучковиќ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“