Утрински Весник
Култура

Промоција на „Аптека“ – збирка поезија од Ивана Харикли

Промоција на „Аптека“ – збирка поезија од Ивана Харикли
Ss2

Утре, 17 октомври, со почеток од 20 часот во МКЦ ќе се одржи промоција на „Аптека“ – збирка поезија од Ивана Харикли.

На овој промотивен настан, покрај поезијата и музиката, публиката првпат ќе има прилика да бидете дел и од #мојmuseum.

„Мој музеј е трансмедијална приказна, која почна од потребата за свесно реобмислување и вкоренување на сопствениот глас како жена од Балкан. Со таа цел, пред речиси три години почнав фокусирано да отпакувам интернализирани вредности, инертни состојби и стереотипни наративи, кои ги доживував околу и низ себе“, вели Ивана Харикли.

Ова е трета публикувана книга и втора поетска збирка на Ивана (Скопје, Sci-fi Македонија, Балкан). Дополнително, нејзината поезија е забележана во неколку антологии, дигитални публикации, книжевни списанија, локални и меѓународни фестивали. Како и со првата поетска збирка („Минден Вернакулар“), Ивана (тогаш Јујо) повторно, во нејзин изворен стил, настапува мултимедијално. Имено, дел од песните во збиркава се достапни и како музички записи (види: SEERma).

„Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон истите. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан“, велат од МЦК.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“