Утрински Весник
Македонија

Претседателот на МД„Илинден“ се сретна со ученците од Голо Брдо кои се школуваат во Охрид

Претседателот на МД„Илинден“ се сретна со ученците од Голо Брдо кои се школуваат во Охрид
Ss2

Тирана,15 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на македонско друштво „Илинден” – Тирана, Никола Ѓурѓај, се сретна со ученици Македонци по потекло од Голо Брдо, кои се школуваат во Охрид.

На средбата е разговарано за проблемите со кои се соочуват во текот на учењето, за тоа како ги совладуваат наставните единици во училиштата, но и како се интегрираат меѓу врсниците во Охрид.

300x250 (7)

Тој вели дека децата по потекло од Голо Брдо во се поголем број средното образованието го продолжуваат во матичната земја, пред се во Охрид, но додава дека целта е тој број да биде уште поголем.

-Наша цел е што поголем број деца од Голо Брдо да го продолжат образованието во нивната матична земја и да бидат иден квалитетен кадар за Македонците во Албанија. Проблем со јазикот немаат бидејќи мајчин им е македонскиот, иако се уште основното го завршуваат на албански јазик. Се надеваме дека албанските власти ќе го прифатат нашето барање па децата да почнат да следат настава на македонски, како што било порано, изјави Ѓурѓај за МИА.

Дел од Македончњата од Голо Брдо по завршувањето на средното обрзование во Охрид се запишуваат на факултетите во овој град, а други во Битола, Штип, Прилеп и Скопје. вт/сст/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Нема да се прегласува на трите избирачки места во Куманово каде гласањето беше прекинато

Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција, Ганиу му врати дека терапијата од Таравари ќе ја прими на 8 мај

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера