Утрински Весник
Македонија

Поради контакт со заразената жена во Дебар во изолација и шестмина здравствени работници

Поради контакт со заразената жена во Дебар во изолација и шестмина здравствени работници
Ss2

Дебар, 6 јуни 2020 (МИА) – Поради контакт со заразената жена со Ковид-19 од селото Долно Косоврасти во домашна изолација се најмалку 17 лица, од нив шестмина здравствени работници.

– Во домашна изолација поради контакт се двајца лекари, четири медицински сестри и двајца возачи, еден кој со возило ја транспортирал од селото до Дебар и другиот кој ја транспортирал до Скопје. Во исто време најмалку девет лица најблиски роднини на пациентката се исто така во изолација, изјави за МИА Баки Халили, директор на Општата болница во Дебар.

Ss1

Заразената жена на околу 44-годишна возраст која пред неколку години е оперирана од тумор во мозокот, беше прв случај на новозаразен по цели педесет дена.

Таа, според Халили, била примена во средата навечер во Општата болница во Дебар,со висока телесна температура и чести епилептични напади.

По напревената консултација, лекарите одлучиле да ја препратат во клиниките за неврологија во Скопје, каде и бил земен брис и по добиениот позитивен резултат на коронавирус, била префрлена во Инфективната клиника.

Поради контакт, во изолација, како што пренесуваат дел од медиумите, од оваа клиника се тројца лекари, две сестри и четворица болничари. вт/мс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: Новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите, пензионерска картичка со попусти

Стевановиќ: СДСМ нема да се откаже од европска иднина и од држава во која има функционално владеење на правото

Даштевски: Гласањето помина мирно – 24info.mk