Утрински Весник
Македонија

Попладне врнежи од дожд, на планините снег

До среда дожд и грмежи, од петок стабилизирање на времето
Ss2

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Од пладневните часови се очекува промена на времето, со повремен дожд, а на планините со повремен снег. Врнежите до крајот на денот ќе се прошират насекаде и ќе продолжат и преку ноќта.

Како што соопшти УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој долж Повардарието ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од седум до 16 степени.

Ss1

Под влијание на влажен и студен воздушен бран утре ќе има врнежи од дожд кои на
места ќе бидат обилни, над 25 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Температурите преку денот нема многу да се зголемат и ќе бидат од осум до 10 степени пониски од денешните. Во текот на денот врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и на некои пониски места ќе се формира тенка снежна покривка.

В четврток и во петок времето ќе биде стабилно со минимални температури, во поголемиот дел од земјава под нулата. мд/дма/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Нема да се прегласува на трите избирачки места во Куманово каде гласањето беше прекинато

Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција, Ганиу му врати дека терапијата од Таравари ќе ја прими на 8 мај

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера