Утрински Весник
Магазин

По 40 години изумирање, носорозите се вратија во Мозамбик

Повеќе од четири децении откако изумреа локално, носорозите повторно талкаат во дивината на Мозамбик, кој носи загрозени видови од Јужна Африка во обид да вдахне нов живот во своите паркови и да го поттикне локалниот туризам.

dobivaj vesti na viber

Група ренџери ги фатиле црно-белите носорози, им дала седативи за да може да ги преместат на над 1.600 километри оддалеченост во Националниот парк „Зинаве“ во Мозамбик, кој зафаќа повеќе од 400.000 хектари и има повеќе од 2.300 други донесени животни.

„Носорозите се важни за екосистемот, што е една од причините зошто ги селиме на толкава оддалеченост и ги правиме сите овие напори за да ги донесеме тука“, рече Кестер Викери, конзерватор кој го надгледува целиот процес.

Групата Peace Parks Foundation (PPF), која ја води операцијата, има за цел да премести повеќе од 40 носорози во следните две години во Мозамбик. Проект-менаџерот Ентони Александер изјави дека групата веќе донела некои предатори и многу слонови во паркот, а сега на ред се носорозите.

Оваа иницијатива е дел од кампањата за спас на загрозените видови со нивно преместување во безбедни засолништа, каде што имаат можност да ја зголемат својата популација.

Викери се надева дека за 10 години ќе види просперитетна популација на бели носорози во паркот Зинаве.

Можете да прочитате

Пет здравствени придобивки од редовното консумирање тиквички

Зголемувањето на бројот на хибридни волци може да доведе до исчезнување на европскиот волк

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум