Утрински Весник
Спорт

Пирло стартуваше со победа – Кулушевски прв го погоди голот на Сампдорија

Пирло стартуваше со победа – Кулушевски прв го погоди голот на Сампдорија

Андреа Пирло и неговиот Јувентус со победа стартуваа во новата сезона во Серија А. Бранителите на титулата во првата рунда славеа над Сампдорија со 3:0.

Од стартот Пирло изненади со поставата која го започна мечот на теренот се најдоа младиот Фработа и засилувањето од Шалке, Американецот Мекени. Одбраната на Сампдорија првиот пат капитулираше во 13 минута. Успеаја да го запрат Кристијано Роналдо, но топката се одби до Кулушевски, кој од 15 метри пласираше и го погоди спротивниот агол на голот кој го брани Аудеро.

Летното засилување го постигна дебитантскиот гол за најтрофејниот италијански тим.

Отпорот на Сампдорија Јувентус конечно го скрши во последните десет минути од натпреварот.

Бонучи ја дуплираше предноста во 79 минута, а конечниот резултат го постави Кристијано Роналдо во претпоследната минута.

> Пирло стартуваше со победа – Кулушевски прв го погоди голот на Сампдорија <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Раул Гарсија ја завршува својата фудбалска кариера

Надал го потврди настапот во Барселона: Сакам да си дадам шанса

Влезниците за Македонија – Фарски Острови се продаваат по 200 и 300 денари