Утрински Весник
Спорт

Парехо со солзи во очите: Си одам повреден, со болка во срцето!

Парехо со солзи во очите: Си одам повреден, со болка во срцето!
Ss2

Навивачите на Валенсија имаат причина да се бесни затоа што нивниот омилен клуб во еден ден остана без Франсис Кокелан, но уште побитно и без капитенот Дани Парехо.

Играчот кој речиси 10 години беше незаменлив кај „лилјаците“, си замина од „Месталја“ како слободен играч откако го раскина договорот со клубот и стана нов член на Вилјареал.

Ss1

Потезите на Управата на Валенсија на многумина не се јасни, Парехо дури и се расплака додека на медиумите во Шпанија им ја раскажуваше причината поради која си оди од клубот.

„Си одам повреден, со болка во срцето. Сакав да ја завршам кариерата на `Месталја`, се обидов да пронајдам начин, но едноставно беше невозможно“ рече Парехо.

> Парехо со солзи во очите: Си одам повреден, со болка во срцето! <



Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Скандал во Премиер лигата: Двајца фудбалери уапсени под сомнение за силување

Ограбена куќата на Лука Вилдоза во текот на натпреварот на неговиот тим во Евролигата

Арсенал пукна „петарда“ во мрежата на Челзи